2win800x200

Фолклористите од "Илинденски денови" на прием во Општина Битола

Јули 31, 2025

ПРИЕМ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИТЕ ГОСТИ ОД ФЕСТИВАЛОТ „ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ“ ВО ОПШТИНА БИТОЛА

 
Заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски и секретарот на општината Борче Димитровски, денес организираа прием на гостите и учесници на фестивалот „Илинденски денови“.
Гостите од Мексико, Грузија, Хрватска, Полска, Индонезија и Швајцарија, ги пренесоа своите прекрасни искуства од учеството на 55 издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“, заблагодарувајќи се на гостопримството, прекрасната публика и добрата соработка со организаторите.
Претставниците на Општина Битола, Бојкоски и Димитровски потенцираа дека изминатите денови градот одбележа вистинско културно раздвижување, собирајќи различни култури, традиции и фолклорни обележја на едно место. На овој начин, општината продолжува да ја реализира својата заложба за вистинска убавина и исполнетост на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“, со колоритност и уметничка светлина.
Директорот на Центарот за култура, Сашо Илковски, заблагодарувајќи се на соработката со општината и Министерството за култура и туризам, истакна дека, со секое ново издание, фестивалот „Илинденски денови“ се повеќе расте, откривајќи многу значајни културни елементи на светот, кои може да се видат и доживеат само во Битола, а за што потврдуваат и големиот број интернационални гости. Илковски нагласи, дека неговата заложба и во периодот што следува ќе биде насочена кон организација на нови фестивалски изданија во кои креативноста и ентузијазмот ќе ја отсликуваат убавината на македонската култура и традиција и ќе продолжат да бидат искрени промотори преку вмрежување со светски ансамбли и културно уметнички друштва.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани