ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈА НУУБ "СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ" (1945-2025)
Во рамките на одбележувањето на 80 години од основањето, во Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Битола, вечерва се одржа промоција на Монографијата, посветена на оваа установа во периодот 1945-2025 година.

По прикажувањето на документарен филм, поздравна реч одржа директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“, м-р Емилија Стефановска Дафкова.
За самата монографија, нејзината содржина и историскиот осврт, говореше промоторката проф. д-р Наташа Котлар.
На градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, му беше доделена плакета во знак на благодарност за соработката со оваа значајна битолска установа.