2win800x200

Вечерва во Битола -Театарската претстава ПЛАМЕНКА во режија на Софија Ристевска Петрушева

Декември 20, 2025
На 16ти декември, вторник, во 20ч, во НУ Центар за Култура Битола, се случи премиерата на театарската претстава ПЛАМЕНКА, работена по романот ПЛАМЕНКА на Петре Димовски, во режија на Софија Ристевска Петрушева, а драматург на претставата е Билјана Крајчевска.
 
1000022988 800x533
 
Претставата е во копродукција помеѓу Интимен Театар Битола и НУ Центар за култура Битола и е финансирана од Министерството за Култура и Туризам.
 
1000023113 800x533
 
ПЛАМЕНКА е претставата за жената и војната и за тоа како жената во Битолскиот крај ги доживувала и ги преживувала сите војни, од турското робство, па се до втората светска војна и периодот по неа. Загубата на децата и семејството, загубата на домот и на слободата, како и загубата на вербата во подобро утре се главните теми врз кои е поставен наративот на Пламенка. Но тука се забележува и темата на упорноста и на непокорот, како основни карактерни црти на македонската жена што секогаш била бедем на отпорот!
 
1000022999 800x533
 
Во претставата играат: Викторија Степановска, Катерина Аневска Дранговска, Маја Андоновски Илијевски, Валентин Дамчевска и Вероника Евтимова. Сценографијата е на Михаел Димитровски, костимографијата на Андреј Ѓорѓиевски, композитор Александар Талевски, а кореографијата е на Борис Богдановски.
 
1000023021 800x533
 
Следните изведби на ПЛАМЕНКА беа на:
17ти декември, среда, од 20ч;
18ти декември, четврток, од 19ч. и од 21.00 човекот (имаше две изведби)
19ти декември, петок, од 20ч.
 
А последната изведба ќе биди на 20ти декември, сабота, од 20ч.
 
1000023067 400x600
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани