2win800x200

Од психотерапија до книга - "Живата соба" претставена пред битолската публика

Март 06, 2026

Од психотерапија до книга: „Живата соба“ претставена пред битолската публика

 
Во Книжевниот клуб Утопија претставена книгата „Живата соба“ на Благица Ваниќ и Билјана Копрова
 
Настанот беше замислен како отворен разговор за темите што книгата ги отвора: односите, личниот развој, емотивната зрелост и искреноста кон себе.
 
Гостинка на вечерта беше Благица Ваниќ, која зборуваше за процесот на создавање на книгата и за тоа како текстот произлегува од реална психотерапевтска практика, но е напишан со јазик близок до секојдневното искуство на луѓето.
 
Промотор на книгата беше психотерапевтот Љупчо Кимовски од центарот „Свесност“, долгогодишен соработник на авторката, кој ја отвори дискусијата за значењето на „живата соба“ како простор на присутност, разговор и лична рефлексија. Messenger creation FF27E2B7 EF38 429D 8264 C5706937C162
 
Во текот на вечерта се отворија теми поврзани со анксиозноста, меѓучовечките односи, личните граници и потребата од автентичен дијалог. Публиката активно се вклучи со прашања и размислувања, што ја претвори промоцијата во динамична дискусија.
 
Како продолжение на темите од книгата, беше претставен и практичен онлајн курс за справување со анксиозност, заснован на психотерапевтска пракса и реални животни ситуации.
 
Со ова издание, Книжевниот клуб Утопија продолжува да создава простор за книжевни настани кои ги поврзуваат литературата, психологијата и јавниот разговор за теми што се важни за современиот живот. Messenger creation A7B53A90 FF2B 4FF2 8367 AD38CB9508B9
 
Следното издание на клубот ќе се одржи на 16 март во 19:00 часот во 3D киното на Центарот за култура, каде публиката ќе има прво можност да ја проследи новата филмска адаптација на „Оркански височини“ (Wuthering Heights), по романот на Emily Brontë. По проекцијата ќе следи отворена дискусија на големата сцена, посветена на односот меѓу литературата и филмот и на современите читања на ова класично дело. Messenger creation 1F6C72E2 E763 4D0A 8D38 9ACA63443257
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани