2win800x200

Промоција на новиот роман на Анде Јанков во Книжевниот клуб УТОПИА Битола

Април 18, 2026

Во Книжевниот клуб УТОПИА Битола, на 21 април со почеток во 19.00ч ќе се одржи промоција на новиот роман на Анде Јанков, автор кој во изминатите години се позиционира како еден од клучните гласови во современиот македонски крими-жанр.

 
Промоцијата ќе биде проследена со разговор за романот, кој ќе го води Никола В. Ристевски.
 
Анде Јанков (1988, Велес) е автор со континуирано присуство на домашната книжевна сцена. Неговиот прв роман „Едно лето на Крит“ (2016) е добитник на наградата „Романијада“ за најдобар деби-роман. Следуваат „Виенски гамбит“ (2020), „Сигурен ризик“ (2021), „Само Бог простува“ (2022) и „Кобајаши Мару“ (2024), дел од серијалот со инспекторот Виктор Николов.
 
Со „Memento Mori“, Јанков го продолжува својот интерес за комплексни наративи и теми што ја надминуваат чистата жанровска структура. Романот отвора простор за прашања поврзани со изборот, одговорноста и границите на човековото дејствување.
 
Покрај романите, Јанков е автор и на книжевниот поткаст „Книжевни разговори“, кој веќе неколку години претставува активна платформа за разговор со современи домашни и регионални автори.
 
Неговите дела се преведени на англиски, бугарски и хрватски јазик.
 
Со оваа промоција, Книжевниот клуб Утопија продолжува да гради програмска линија која инсистира на современа литература и отворен дијалог со публиката.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани