2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Скијајте на Ниже Поле и придонесете за нула насилство врз децата

Февруари 09, 2019

Ски центраот „Ниже поле“ оваа недела ќе учествува во кампањата „Заедно до нула насилство“. Целта е енергијата на младите да се насочи кон убави и здрави работи, како што е спортувањето, скијањето, дружењето, а не кон насилство. Иницијативата е на неколкумина битолчани, а кон неа се приклучува и Ски центарот.  

 

„Дојдете во Недела на 10.02.2019 година во нашиот Ски-центар заедно да се бориме против насилството врз децата! Ски центарот го обезбедува просторот за кампањата ,озвучувањето, ќе делиме стикери со секој продаден чај и слично. Ќе има и пано на кое посетителите ќе можат да оставаат отпечатоци од рацете и да пишуваат пораки за ненасилство врз децата. Исто така ќе се дели и рекламен материјал, маички, флаери. Програмата ќе започне од  11.00 и ќе трае до 15.00 часот“, соопштија од Ски центарот за Апла.мк

За забавата ќе се погрижи група „Шербет“ од Тетово.

Ова е хумана мисија зашто светските истражувањата покажуваат дека од еден од десет ученици се откажуваат од училиштето поради малтретирање. Преку 3.2 милиони ученици се жртви на насилство секоја година.  Секое второ дете има проблем со емоционалната стабилност поради насилство во училиштата.

„Драги ученици, студенти, родители, наставници и сите други засегнати, се надеваме дека со заедничко дружење во недела со почеток во 11 часот во Ски Центар ‘Нижеполе’ ќе земете активно учество во овој наш проект, со цел во иднина да се спречат несакани последици кај најмладите“, повикаа организаторите.  

Со ски центарот стопанисува Јавното претпријатие „Стрежево“ кое сезонава со бројни активности и ноќно скијање успеа да привлечи голем број посетители.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани