АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Раководниот тим на претпријатието кое стопанисува со градскиот водовод во градот Призрен-Република Косово изминатата недела беше во посета на ЈПК „Водовод“-Битола . При обиколката на објектите на Битолски водовод се разменети искуства за начинот на работењето и на двете претпријатија.
-Најголем акцент е ставен во примената на СКАДА системот на водоснабдување, нејзината намена во намалувањето на водните загуби и откривањето на злоупотребите, велат од ЈКП „Водовод“-Битола.