2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Самовилите од „Перија“ на „Локум фест“ во Битола

Јули 16, 2019

Несекојдневно музичко уживање на годинешниот трианесети по ред „Локум фест- музика и традиција“ ќе понуди женската музичка група позната како патувачки караван „Перија“. Самото име на бендот значи самовила  и e турцизам кој се употребува во делови од земјава, а во неа членуваат Филис Синаноска и Кате како вокали, заедно со Леа се и музички изведувачи на уд, перкусии, тамбура и кемане. Познати се по тоа што својата музика ја изведуваат и на јавен простор низ градовите во земјава и странство сакајќи да ја промовираат културата на достапност, а да ја минимизира културата на елитизмот. „Перија“ во Битола настапува третиот фестивалски ден, поточно во сабота од 21 часот во старата битолска чаршија.

 

Од 22,30 часот на истата локација публиката ќе ја забавуваат светките уметници , перкусионистот Марко Боско од Бразил, Маки Хацхија-Токио, Јордан Костов од Македонија.

Програмата за првите два дена погледнете ја на линк http://www.apla.mk/index.php/vilaet/item/3068-kultura-a-ne-estrada-kje-ponudi-godineshniot-lokum-fest

Инаку „Локум фест-музика и традиција“ кој годинава се одржува од овој четврток до сабота е единствен ваков фестивал во земјава , кој ги спојува традиционалната и модерната музика ( чалгија, етно -фјужн, world music, сефардска музика), креативните индустрии од регионот- Саем на ракотоворци,промовирање на живото културно наследство и развојот на културниот туризам. 

Во изминатите дванаесет години на „Локум фест“ настапиле преку шеесет анасамбли од дваесетина земји од регионот и светот. „Локум фест-музика и традиција“ е поддржан од Министерство за култура, за економија, Агенција за поддршка и промоција на туризмот , како и Општина Битола, во рамките на програмата на Бит фест 2019.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани