2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Битолските фермани од турско време ќе се читаат на „Локум фест“ во Битола

Јули 17, 2019

Оригинални цитати од Битолските фермани пишани во труско време, а преведени на македонски јазик, ќе имаат можност да слушнат гостите на годинешното 13 издание на „Локум фест- музика и традиција“ во Битола. Фестивалот започнува утре со почеток од 20, 30 часот на плоштадот Магнолија во Битола со настап на ансамблот „Македонија“. Потоа следува приказната за ориентална Битола од Васко Гичевски и за крај на вечерта настапот на грчкиот виртуоз на хармоника Танос Ставридис и групата Дром.

 

„Музичките настапи ќе бидат преплетени со поетски пасаж и читање на Битолските фермани како дел од живото културно наследство на градот. Младиот студент на историја, веќе препознатлив Васко Гичевски, за кого сметам дека ќе биде идниот ескперт за османологија, ќе прочита делови од Битолските фермани кои ги проучува. Така ќе видиме што се случувало пред повеќе од стотина години во нашиот град, како се донесувале одлуки, какви уредби носеле тогашните челници на градот“, рече Тоше Ивановски, организатор на „Локум фест“.

Фестивалот започнува од утре и ќе трае до сабота. На него настапуваат реномирани имиња како:„Ансамбл Македонија“, Танос Ставридис и Дром од Грција, вокални хорови од Бугарија, Византиска силуета-Исланд, Бјонко и Балкан бит-Данска, „Перија“ од . Македонија, и светките уметници , перкусионистот Марко Боско од Бразил, Маки Хацхија-Токио, Јордан Костов од нашата земја.

„Ова е фестивал кој има еден единствен концепт што настана од идејата за кафето и локумот како средба меѓу комшиите, еснафот и различните култури. Во конзулска Битола битисуваа различни култури и обичај меѓу еснафлукот беше да се поздрават и да се напијат кафе со локум. Локум фест е синоним на средба и амалгам на културите. 13 години преку музика, изложби на ракотворци стари семејни предмети, фотографии, мебел ја промовираме нашата историја како традиција, како живо културно наследство зашто веруваме дека традицијата и минатото го определува човекот во иднината“, додаде Ивановки.

Во Битола порано имало голем број на мајстори кои произведувале локуми, шеќери и други слатки производи, а денес се останати само неколку.

Инаку „Локум фест“ развива концепт на културен и меѓуфестивалски туризам. Годинава со гостите на фестивалот на Битола ќе ѝ донесат 150 ноќевања со што придонесуваат кон зацврстување на локлната економија.

Партнери на фестивалот се Регионалната занаетчиска комора и Македонскотото здружение на ракотворци ЗУР. Освен ракотворци од Битола, доаѓаат и од Скопје и Куманово, како и претставникот на Балканската асоцијација од Улцин со кого ќе потпишат договор за партнерство и вмреживување. „Локум фест“ е парнер со Етно фест од Косово и Солун.

Локум фест-музика и традиција е поддржан од Министерство за култура, за економија ,Агенција за поддршка и промоција на туризмот, Општина Битола, а се одржува во рамките на програмата на Бит фест 2019.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани