АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во организација на Здружението за негување антифашистичките традиции АНТИФА, утре 1 ноември (петок), во 19,30 часот во галерискиот простор „Магаза“ ќе биде промовирана книгата „Попатни паралипомени“ од авторот д-р Александар Литовски, а промотор е Роберт Алаѓозовски.
Потоа, д-р Александар Литовски ќе ја промовира книгата „Вермахтот и Егејскиот дел на Македонија 1941-1944 година“ од д-р Роберто Трајковски.
На истото место, во Магазата“ ќе биде отворена изложбата „Битолските Евреи во македонското партизанско движење“ чии автори се д-р Александар Манојловски и д-р Александар Литовски.
Овие настани се дел од Програмата по повод одбележувањето на „4 Ноември“-Денот на ослободувањето на Битола.
Е.М.