АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Намалување на загаденоста на воздухот, помали сметки за струја-ЈП„Пазари“ од денеска започна со поставување на фотоволтаични панели над павилјоните во Градскиот зелен пазар во Битола.
-Според нашата замисла, сончевите колектори што ги поставуваме за сопствено производство на електрична енергија се придобивка за сите. Намалување на загаденоста на воздухот за сите нас, а помали сметки за струја за „Пазари“, изјави за Апла. мк Владе Атанасовски директор на ЈП „Пазари“ –Битола.
Панелите кои се над седумдесет на број ќе бидат со моќност од 20 КW.
Во септември јавното претпријатие го доби решение од Министерство за животна средина и просторно планирање за одобрување на елаборатот за заштита на животната средина за спроведување на проектот: „Изградба на фотоволтаична централа до 20KW“ на локација за потребите на ЈП Пазари Битола.
Тендерот за поставување на фотоволтаични панели го доби фирмата изведувач „Енергом Груп“.
За директорот Атанасовски ова е трет последователен еколошки проект реализиран во ЈП „Пазари“, откако претходно беа поставени нови лед сијалици во градскиот пазар, а во управната зграда е монтиран нов систем за греење на пелети.
Поставувањето на фотоволтаичните панели на управната зграда треба да даде придонес кон заштитата на животната средина и да ги намали трошоците. Вкупната инвестиција на проектот е 1.100.000 денари.
ЈП „Пазари“ е првото јавно претпријатие во земјава, кое што ќе обезбедува електрична енергија од фотоволтаични панели.