Празникот на мимозите од Херцег Нови в недела доаѓа во Битола

Јануари 24, 2020
Битола годинава ќе биде домаќин на караванот на 51-виот Празник на мимозите, кој го организира Општина Хергег Нови, Црна Гора.
Дефилето на градска музика и мажоретки од Херцег Нови ќе се одржи на 26 јануари, со почеток во 12 часот, а почетна позиција ќе биде Плоштадот Магнолија, каде ќе бидат поставени и штандови, на кои ќе биде промовирана мимозата, симбол на овој град.
 
 
Дефилето ќе продолжи по Широк Сокак, а граѓаните ќе имаат ретка можност да видат дел од атмосферата која по повод празникот на мимозите, се организира секоја година во Херцег Нови.
 

Херцег Нови е збратимен град со Битола и  ова дефиле е резултат на одличната соработка на локалните самоуправи, особено на градоначалниците на двете општини.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани