2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Тепавци веќе не е на крај на светот, туку во срцето на Пелагонија

Јануари 22, 2020

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Трајан Димковски при неговата посета на општина Новаци, заедно со градоначалникот Љубе Кузманоски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никола Бабовски направи увид на проектите што се реализирани со средства од Агенцијата за финансиска поддршка преку програмата за рурален развој.

Општина Новаци преку Програмата за рурален развој реализира два инфраструктурни проекти -Изградба на локален пат до с.Тепавци во должина од 3км и изградба на локален пат од крстосница од с.Старавина-с.Будимерци до манастир Св.Атанас ,с.Старавина во должина од 811 м со вкупна вредност на двете инвестиции од 23.6 милиони денари и проектот за изработка на урбанистички планови за 6 населени места во вредност од 11 милиони денари кој е во тек на реализација.

 "Го промовираме новоизградениот локален пат во должина од 3 километри со кој после неколку децении со силни заложби го олеснивме пристапот до ова населено место. Реализиравме уште едно ветување дадено пред жителите на село Тепавци .Станува збор за инвестиција финансирана од Влада на РС Македонија преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој .Изградбата и асфалтирањето на овој локален пат е во вредност од 18.901.948 денари, инвеститор е Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој“, рече градоначалникот Кузманоски.

министри 3

Пред да се изгради асфалтниот пат, до Тепавци иако е на неколку километри од Новаци, се стигнуваше многу тешко. Патот беше земјен, со дупки, кривини,  необележан, од него излегуваа и други патчиња, па до селото се стигнуваше само со локален жител кој добро го знае местото. Да се патува до Тепавци со лесно возило значеше да се оштети автомобилот. Со сегашната инсветиција местото веќе не е како што знаеше да каже локалното население „на крај на светот“ туку сега е во срцето на Пелагонија.  

„Ова е локално место со педесетина жители, но не е важна локацијата, туку знајачно е  секој жител да има  лесно пристапен пат до местото каде живее, до градот и до другите објекти. Секој жител е значаен. Важно е да има брз транспорт, а бидејќи населението тука се занимава со сточарство, да има и брз дотур на храна за стоката“, рече министерот Димковски. 

Општина Новаци во соработка со средства од Платежната агенција го изгради и локалниот пат од крстосницата кај селата Старавина и Будимерци до манастир Св.Атанас во село Старавина во должина од 811 метри и вредност од 4.600.000 денари што значително ќе придонесе за развој на манастирскиот туризам од овој крај.пат 2

„Програмата за рурален развој е одличен пример за тоа како се подобруваат условите за живот во руралните средини. Ние како локална самоуправа подготвуваме бројни инфраструктурни проекти кои се од приоритено значење за локалното население од понеразвиените населени места од нашата општина и максимално ги искористуваме средставата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој. Како локална самоуправа се залагаме за подобрување на квалитетот на живот во секое населено место со цел подобар и поквалитет живот на секој жител",истакна градоначалникот Кузманоски.министри

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани