АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Колку битолчани беа побогати во минатото покажува петминутната снимка направена за време на социјализмот во Битола, а објавена од Алберт Сулеј на јутјуб. На снимката се гледаат полни улици луѓе, Широк Сокак, чаршијата и пазарот со врвулица од минувачи, продавачи, купувачи, граѓани со торби во рацете. Минуваат и запрежни коли кои разнесуваат млеко. Дотерани луѓе, град во подем, паркови и тротоари полни зеленило. Среден Офицерски дом, Безистен, чисти улици, повеќе велосипеди од возила. Период на кој дел битолчани денес се сеќаваат со носталгија. Не попусто се пееше „Битола, бабам Битола, таму се живот живее, таму се јаде и пие...“