2win800x200

Соња од ТАТ во Идризово напиша поезија

Јануари 27, 2020

Соња Николовска, позната по аферите со ТАТ, додека одлежува затворска казна во затворот „Идризово“ напиша поезија, објави мкд.мк. Во неа пишува за љубовта, за хуманоста, за пријателството, за скромноста, за тагата и зборува во име на жените осуденички. Воедно, пишува дека во најголемиот затвор тие не се запоставени, туку тешко е да ја најдат силата во самите нив и победник е само оној кој е издржлив и трпелив.

 

„Ние сме на оваа страна од решетката. Сите други се од другата страна. Сонцето изгрева и за нас и за нив, а радоста и тагата се исти за сите. Овде нема националност, образование, возраст. Сите сме во маката и надежта заедно. Се караме, се расправаме за минорни работи за надвор, а за овде големи, што е нормална работа. Сепак сме вплотени и во радоста и во тагата и кога се слави роденден и друга фамилијарна веселба, и кога има жалосни моменти, кога има болести па дури и смрт на близок член од фамилијата. Заедно се прославува и Велигден и Бајрам. И сите чистиме и сме почастени, а собите наместени со јадење и пиење, па и поскромно да е, за нас се величествени и ние се чувствуваме и однесуваме како да сме во ресторан, со дозволената музика, понекогаш и погласно се заигрува и орце и чочек и тоа е еднаквоста и заедништвото во маката и преголемата надеж за подобро утре“, пишува Николовска во својата поезија.

Затворот, вели најголемата измамничка асоцира на лоши работи, а најважно на изгубената слобода, но додава дека и зад решетки постои љубов и другарство.

„Жената каде и да е треба да е жена, достоинствена жена со сите севкупни атрибути и на зборот и на целината. Потешко е да ја најдеме силата во нас, да издржиме, да продолжиме да се храбриме и пак не сме оставени сами на себе бидејќи има служба за обезбедување. Командирките многу често покрај своите професионални обврски сочувствуваат со нашите проблеми, не тешат и ни помагаат колку можат. А вистинската поткрепа е воспитувачката В.К. Кај нас во женско одделение. Воспитувачката ни е поткрепа каде си ја пуштаме душата, да ни олесни, да ни ја слушне маката, да ни ја прочита душата кога се доверуваме, да не сфати и разбере подеднакво сите, да не искара ако грешиме и претеруваме, ама секогаш да ни ја укаже позитивната страна на издржливоста и трпението. И токму заради ова знаеме дека победник е издржливиот и трпеливиот, а ние сите сакаме да сме победници и заедно ќе победиме и ќе бидеме правилни личности корисни за себе и своите најблиски, и се разбира исправни граѓани на нашата држава“, вели поезијата на Николовска.

Николовска во затворот во Идризово е од декември, 2017 година. Осудена е на 8 години затвор за две измами тешки околу 600 илјади евра. 

Пред повеќе од 20 години таа била прогласена и за една од најуспешните менаџерки, а потоа со аферата ТАТ која се отвори во далечната 1997 година ја доби „титулата“ најголема измамничка во историјата на судството. 

Во затворот во Идризово да ја одлежни новата пресуда за која е осудена, а се пријавила сама, пишува мкд.мк

Извор: https://www.mkd.mk/makedonija/osudenata-izmamnichka-za-aferata-tat-od-zatvor-poracha-deka-pobednik-e-samo-izdrzhliviot

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани