АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Новаци заедно со ЈКП "Комунална Хигиена" од Новаци започнаа со пролетна акција за чистење на дивите и времените депонии во Новаци и во други населени места.
Ваквите депонии се создадени со цел месното население да го одлага комуналниот смет и градежен шут на едно собирно место со цел да не се создаваат помали диви депонии на несодветни места .
Градоначалникот Љубе Кузманоски од упати апел до граѓаните на општина Новаци за совесно однесување кон еднаш исчистените депонии и подигнување на јавната свест за несовесното постапување со отпадот , бидејќи заштитата на животната средина во голема мера зависи од сите нас преку правилен однос и постапување со отпадот.
Акцијата на чистење на дивите депонии ќе придонесе за поголемо ниво на јавна чистота што во моменталната ситуација во борбата со kоронавирусот ќе придинесе за намалување на ризикот од ширење на истиот.
Паралено на денешната акција за чистење на дивите депонии , екипи од ЈКП "Комунална Хигиена" продолжија со активните мерки за превенција од коронавирусот , со миење на локалните улици , дезинфекција на јавни површини и објекти.