АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Основното училиште „Коле Канински“ - Битола почна со спроведување онлајн настава и учење од дома кај учениците за време на принудниот распуст поради пандемијата на Ковид-19. Во онлајн едукацијата се вклучени сите наставници, и одделенските и предметните.
Зоран Мирчевски, директор на училиштето, вели дека иако наставниците и учениците се соочени со предизвици, сепак тие успешно се справуваат со ситуацијата. Како што вели тој, иако ова не е ништо слично како редовната настава, сепак учениците ќе имаат некаков ангажман додека седат дома.
- Наставниците од „Коле Канински“ неодамна почнаа со онлајн настава преку онлајн платформа и преку различни платформи за комуникација. На тој начин можеме да го продолжиме воспитно-образовниот процес за учениците - рече директорот Зоран Мирчевски.
Тој додава дека ваквиот вид на настава дава придобивки како што е континуитет во учењето и задржување на навиките за учење.
- Преку онлајн наставата ќе ги минимизираме последиците од прекинувањето на наставата поради Ковид-19. Им порачувам на сите ученици да се вклучат колку што можат повеќе во онлајн наставата затоа што ќе им донесе големи придобивки - вели директорот Мирчевски.