АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во индустриската зона „Жабени“ во тек се интензивни инфраструктурни активности, асфалтирање и поставување на атмосферска канализација.
Поради проширување на капацитетите на Фабриката „Кромберг и Шуберт“, Општина Битола во моментот врши изградба на коловоз на улица во должина од 600 метри и паркинг простор со површина од 4000 м2. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 11 милиони денари. Покрај асфалтирањето, се врши изградба и на атмосферска канализација со вкупна вредност на инвестицијата од 2 400 455 денари.
-На овој начин, Општина Битола ги обезбедува потребните инфраструктурни услови за нормално функционирање на новиот објект на Фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Индустриската зона Жабени, а истовремено отвора и можности за привлекување на нови инвеститори, информираат од Општина Битола