АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Шведската хуманитарна организација Hand till Hand темелно ги реновираше трпезаријата и санитарните јазли во Заводот за деца со оштетен слух и говор „Кочо Рацин“-Битола, со цел да се подобрат условите во оваа установа.
-Соработката на оваа организација со Заводот трае скоро година и пол и за тоа време е реализирана донација во вредност од 100 000 евра, вели Марија Русенгрен претседател на организацијата.
Во заводот „Кочо Рацин“ има 73 деца од општини во цела Македонија, од кои 40 се интернатски сместени. Голем дел од проблемите Заводот ги решава токму преку вакви донации.
Како што информираше Марија Русенгрен и во иднина ќе продолжат со нивната хуманитарна мисија. Организација Hand till Hand досега реализираше 5 донации во битолската Клиничка болница во висина од 900.000 евра, а ќе продолжат и во иднина. Следен проект на кој ќе работат е опремување на сензорна соба за учениците со пречки во развојот во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола .