„Направи Selfie со твојата омилена книга”- кампања на Битолската Библиотека за привлекување нови читатели

Јануари 15, 2021

Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски” – Битола започна јавна кампања „Направи Selfie со твојата омилена книга”. Станува збор за нова, иновативна програма, креирана за редовните членови, но и за привлекување на нови читатели во бибилиотеката

– Секој читател е уникатен во креирањето навики и ритуали, додека ја чита својата омилена книга. Нашата желба е низ фотографија да ги откриеме омилените места за читање на секој читател во текот на денот, како изгледа дружењето со книгата која во моментот се чита, како и други интересни моменти и навики кои преку фотографија треба да се испраќаат на е-адреса на библиотеката Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Најуспешните фотографии ќе бидат објавени на веб страницата на библиотеката, а авторите бесплатно ќе добијат едногодишна членарина, посочуваат од НУУБ „Св. Климент Охридски” – Битола.

Во текот на празничните денови, секторот за изнајмување книги на читателите им помага во изборот на книга за читање, кој како пракса е општоприфатлив за членовите.

– Секоја книга има своја приказна, а ние на читателите им ги предложуваме Чарлс Дикенс и неговата Штурец на огништето, петта од неговите познати т.н. Божиќни книги, топла бајка за домашното огниште, со идилична слика за семејната љубов и соседското пријателство, со добра композиција и вешт расплет. Потоа книгата „Сѐ започна со бакнеж” од Миранда Дикинсон или „Нека снежи” од Џон Грин, Морин Џонсон и Лорин Миракл, книга за најстрашната виулица во последните педесет години, препорачуваат од библиотеката.

Извор: МИА

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани