2win800x200

Градинката "Коца Василева" добива нова енергетски ефикасна фасада

Мај 05, 2021


По санацијата на кровната конструкција на сите објекти од градинката „Коца Василева“, во тек се изведбени активности на фасадата, со што комплетно се затвора процесот на надворешната реконструкција на објектот, кој ги задоволува стандардите на енергетска ефикасност.


Koca Vasileva 1
Градоначалничката Наташа Петровска ја посети оваа воспитно-образовна установа, која е во состав на градинките „Мајски Цвет“. Општина Битола финансиски ја поддржа реконструкцијата, за која е обезбеден грант во висина од 68.000 евра од Јапонската амбасада. Со овој зафат се очекува заштеда од 20% на финансиите за топлинска и електрична енергија на годишно

ниво

Koca Vasileva 5

Директорката на ЈОУДГ „Мајски цвет“ Снежана Тодоровска истакна дека во изминатите три и пол години, речиси целосно е променет ликот на оваа градинка. Комплетно се реновирани сите тоалети, извршена е дезинфекција на сите простории со бојадисување, променети се масичките, столчињата, шкафчињата и другите потребни елементи. Нови елементи има и во кујната која работи по ХАСАП систем, а градинката по Ковид стандарди, има згрижувачки капацитет за 150 деца

Koca Vasileva 7

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани