2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Функционираат семафорите на обиколницата над Битола

Март 30, 2018

Ставени се во функција семафорите на обиколницата над Битола. По поставувањето и вклучувањето на  семафорскиот систем се очекува до вторник да биде донесено и решението за пуштање во сообраќај на обиколницата над Битола, а со тоа и растеретување на сообраќајот низ градските улици од тешките товарни возила кои само транзитираа низ Битола.

Веста ја потврди Зоран Илиоски, технички директор на фирмата изведувач „Илинден “ од Струга која работи на санирање на свлечиштата на обиколницата.

 

-Потпорниот ѕид  и ѕидот со габиони се направени, направен е и пристапен пат до свлечиштето на ридот со што се очекува да се реши проблемот со транспортот на земја од свлечиштето. Чекаме од републичкиот инспекторат за патишта да го потпише решението и патот да се пушти во сообраќај. Семафорите се веќе во функција, рече Илоски за апла.мк.

Пуштањето на обиколницата е од особена важност и поради почнувањето на реконструкцијата на коловозот на влезот во Битола од страната на Прилеп.

Според најавите ќе се реконструира патот од „Лозар“ до Горно Оризари, а овој проект е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште на општина Битола и Програмата за рехабилитација на регионални патишта на ЈП за државни патишта.

ЈП „Нискоградба“ од Битола ќе ја гради  атмосферската канилазција.

За време на градежните активности, сообраќајот ќе мора да се одвива според утврден режим од страна на изведувачот на работите.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани