АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Инспекторот за државни патишта, Сашо Здравевски, во телефонски разговор рече дека од фирмата изведувач „Илинден“-Струга го известиле дека се набавени нови семафори по кражбата на двата семафора во изминатата недела и прашање е на часови кога АМСМ ќе извести дека обиколницата е пуштена во сообраќај. Фотографии од новите семафори на обиколницата на својот фејзбук профил објави градоначалничката Нашата Петровска и напиша - „Семафорите на обиколницата повторно поставени. Растеретувањето на сообраќајот - ветено, реализирано. По втор пат“.
Во битолската полиција нема пријава дека биле украдени семафорите од обиколницата над Битола. Портпаролката Сања Стаматова вели дека таков случај никој не пријавил во СВР Битола.
Непознати лица ги украле семафорите со акумулатори и патната сигнализација кои во петокот беа поставени кај свлечиштето на обиколницата над Битола што е дел од регионалниот пат Прилеп-Охрид. Редакцијата на Апла.мк во петокот направи фотографии од поставените семафори и ги објави на порталот, но денес местото е празно.
Ставени се во функција семафорите на обиколницата над Битола. По поставувањето и вклучувањето на семафорскиот систем се очекува до вторник да биде донесено и решението за пуштање во сообраќај на обиколницата над Битола, а со тоа и растеретување на сообраќајот низ градските улици од тешките товарни возила кои само транзитираа низ Битола.
Веста ја потврди Зоран Илиоски, технички директор на фирмата изведувач „Илинден “ од Струга која работи на санирање на свлечиштата на обиколницата.
Со семафори кои наизменично ќе ги пропуштаат возилата по една коловозна лента, ќе се регулира сообраќајот на обиколницата над Битола која поради одрон на камења е затворена повеќе од една година. Од Јавното претпријатие за државни патишта најавуваат дека деновиве ќе биде отворена, иако станува збор за времено решение, додека се работи на санација на свлечиштата на овој дел од магистралниот пат Охрид-Битола-Прилеп.
Градежните работи на обиколницата почнаа пред неколку недели, а на местата каде има одрони се поставуваат челични мрежести коцки со камења. Но, деновиве се активираше и ново свлечиште, што дополнително ја усложнува работата