2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

БИТОЛЧАНИ ПРЕДЛАГАА ОФИЦЕРСКИ ДА СТАНЕ РЕЗИДЕНЦИЈА И КУЛТУРЕН ЦЕНТАР

Мај 08, 2018

Офицерскиот дом да прерасне во арт центар, во резиденција за истакнати гости, со концертна сала која ќе ја зачува акустиката, околу него да има павилјони за уметничка намена, отворен ресторан, па дури и трговски дуќани за комплексот да може да се самоодржува. Ова се дел од предлозите што битолчани ги изнесоа на трибината „Офицерскиот дом-проект за самоодржливост и функционалност“ во организација на Ротари клубот од Битола.

 

Младата архитектка Марија Кривашија презентираше дел од својот магистерски труд предлагајќи Офицерскиот дом да прерасне во арт центар налик на оние од Велика Британија и САД, каде ќе се одржуваат концерти, изложби и други културни настани, но во него да има и простории за творење на фотогрaфи, па дури и апартмани и работни соби за уметници.

„Визбата е ставена во употреба за технички простории и ИТ сектор , дел наменет за фотографи. Приземјето со кафе библиотека, продавница за сувенири, во центарот културни настани, изложби на склуптури. На катот мултифункционален простор за изложби, концерти, приеми, балови, да се искористи акустичноста на простоторот. Резиденцијален дел со апартмани за престој на писатели, уметници и соби за уметничко изразување. Платото пред домот да има лизгалиште, лето кино на отворено, концерти на отворено“, рече Кривашија.31949396 382693075547398 5896001395936460800 n

Од Гаус институтот подготвија веб платформа за урбан дијалог на архитекти, урбанисти и други професионалци кои на неа ги изложуваат своите прокети наречени по битолски дијалект „Разубај ја Битола“. Оваа платформа бесплатно ќе ѝ биде отстапена на Општина Битола за од неа да може да црпи идејни решенија за разубавување на градот.

Угостителот Марио Трифуновски во своето обраќање на трибината, меѓудругото предложи Офицерскиот дом да се искористи како резиденција каде ќе се примаат истакнати гости кои доаѓаат во Битола. Тоше Ивановски, експерт од областа на културата, рече дека во реконструкцијата мора да се внимава салата на катот да ја зачува својата акустичност, по која е позната.

Повеќето до присутните побараа државата да помогне со поголема сума на пари за да се реставрира Офицерскиот дом, кој иако е објект под заштита, со години се руинираше.

Градоначалничката Наташа Петровска, која присуствуваше на трибината, рече дека очекуваат градежната дозвола да помине во Министерството за транспорт и врски, па потоа парите да бидат префрлени во Општина Битола и да се објави тендер за реконструкцијата на покривот на Офицерскиот дом.32105361 382693052214067 2336975642299465728 n

„Сметаме дека покривот е појдовната точка од која треба да биде заштитена оваа градба. Ако овие пари беа доволни ние немаше да аплицираме за добивање на средства до други фондови. Се работи за значаен објект кој бара сериозна сума на пари. Општина Битола има аплицирано за реставрација на Офицерскиот дом и изнаоѓање на средства заедно со Стопанската комора на Република Македонија во Фондот за локалнен и регионален развој и очекуваме нашата апликација да биде прифатена“, рече Петровска.32169770 382693275547378 452726592796360704 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани