АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По 40 години, во трафостаницата ТС Битола 2, која е дел од најважниот енергетски прстен во земјава, се менува дел од старата опрема со нова, современа, истовремено и посигурна. Во работна посета, со цел да се направи увид во активностите поврзани со реконструкција на трафостаницата, беше делегација предводена од вицепремиерката Радмила Шеќеринска, директорката на МЕПСО Ева Шуклева, градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, генералниот директор на ЕЛЕМ Васко Ковачевски, директорот на РЕК Битола Златко Ќурчиевски и други. Директорката на МЕПСО Ева Шуклева го истакна значењето од реконструкцијата на оваа трафостаница.
„Оваа ТС ќе биде точката од каде што ќе тргнува новата електроенергетска конекција со Република Албанија со што во полна функција ќе биде ставен електроенергетскиот коридор исток-запад што значи транзит на електрична енергија од Бугарија, преку нашата земја, до Италија. Со ова, РС Македонија ќе биде поврзана со електропреносните системи на сите соседни земји, а од тука ќе тргнува и уште еден 400 kV интерконективен далновод Битола-Флорина“, рече Шуклева.