2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

По 4 денцении се реконструира трафостаницата Битола 2

Јуни 23, 2020

По 40 години, во трафостаницата ТС Битола 2, која е дел од најважниот енергетски прстен во земјава, се менува дел од старата опрема со нова, современа, истовремено и посигурна. Во работна посета, со цел да се направи увид во активностите поврзани со реконструкција на трафостаницата, беше делегација предводена од вицепремиерката Радмила Шеќеринска, директорката на МЕПСО Ева Шуклева, градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, генералниот директор на ЕЛЕМ Васко Ковачевски, директорот на РЕК Битола Златко Ќурчиевски и други. Директорката на МЕПСО Ева Шуклева го истакна значењето од реконструкцијата на оваа трафостаница.

„Оваа ТС ќе биде точката од каде што ќе тргнува новата електроенергетска конекција со Република Албанија со што во полна функција ќе биде ставен електроенергетскиот коридор исток-запад што значи транзит на електрична енергија од Бугарија, преку нашата земја, до Италија. Со ова, РС Македонија ќе биде поврзана со електропреносните системи на сите соседни земји, а од тука ќе тргнува и уште еден 400 kV интерконективен далновод Битола-Флорина“, рече Шуклева.

МЕПСО Ж

Градоначалничката Наташа Петровска истакна дека значењето на стабилниот електроенергетски преносен систем е подобно за стопанството и развојот на економијата.

„Особено сакам да ја поздравам централната власт за чувството кое што го има за значењето на овие реконструктивни зафати, меѓутоа и да искажам поддршка и за ЕБОР. Ова е значајно и за Општина Битола затоа што овозможува стабилност на системот во самата општина, значајно е на ниво на држава, но особено е значајно што интерконекцијата помеѓу Албанија, Северна Македонија, Бугарија и Грција добива  една додадена вредност која што дава свој придоес за развојот на целиот регион. Ако вака глобално ги гледаме работите, тогаш навистина постои перспектива за развој на регионот, меѓутоа и за вклопување на целиот овој систем гледано во рамките на Европа и во рамките на светот“, посочи Петровска.

Влогот во енергетскиот систем и производството на електричната енергија веќе ги носи видливите резултати во домашната економија, посочи виепремиерката Радмила Шеќеринска.

„Ова е навистина капитален проект и нашата Влада од самиот почеток кажа дека сите инвестиции, сите пари ќе ги насочува така, да се враќаат во економијата и да се враќаат кај граѓаните. Знаеме дека енергетиката е столбот во развојот на економијата. РЕК е столбот на нашето производство на електрична енергија, но сега Битола продолжува да се развива како производствен, но и како преносен џин, кој што ќе ја поврзува државата и со своите соседи, но ќе дава огромна шанса и за локалната економија и за создавањето на работни места во овој крај“, посочи  заменичката на Претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска.

Реконструкцијата на трафостаницата ТС Битола 2 е дел од проектот Ревитализација и модернизација на преносната мрежа, финансиран со средства од ЕБОР.МЕПСО 4

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани