АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Не работат двете мерни станици за мерење на квалитетот на воздухот во Битола кои се во наделжност на Министерството за животна средина. Од граѓанската платформа „Земи здив“ реагираат дека мерната станица Битола 1 (се наоѓа на излезот на Битола кон Новаци) од вчера од 18 часот престана да ги прикажува вредностите на измерените ПМ 10 честички. Другата мерна станица Битола 2 која се наоѓа во центарот на градот не мери суспендирани честичики веќе три месеци.
Граѓанската иницијатива БИСТА денеска објави дека независната платформа на Аirly мрежата од мобилни мерни станици за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух е веќе инсталирана во Битола.