2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Детскиот хор “ЅВОНЧИЊА” подари  на учителите  една посебна порака на  благодарност по повод Светскиот ден на учителот  со  детска песна Мојата учителка 

Детскиот хор „Македонски ѕвончиња“, кој работи под раководство на  Марина Коруновска,  денеска премиерно на јутјуб  го објави новиот проект, исклучителна изведба на песната „Македонија“. 

 Станува збор за познатиот хит на групата Тајм и Дадо Топиќ, односно култната преработка на македонската група „Меморија“  со која беше одбележан еден од најважните моменти во македонската историја. Оваа песна одекна од бината на плоштадот во Скопје на 8 септември 1991 година  години, ноќта кога беше прогласена независноста на Македонија. Присутните во еден глас со групата „Меморија“   ја пееја песната и стиховите „Кога си сам и тажно е се, на неа ти сети се, Македонија ти нуди љубов и се“ во очекување на резултатите од рефернедумот, по што беше прогласена  независна и суверена Македонија.
 
Триесет години подоцна, „Македонските Ѕвончиња“, повторно со многу емоции ја промовираа нивната изведба онлајн. 
 

Децата од детскиот хор „Ѕвончиња“ од Битола беа седмата тура од проектот „Да го запознаеме Н.П. Пелистер“ во организација на здружението „Дојди, види, уживај“ предводено од  туристичкиот водич Горан Пинза. Тој организираа едукативно-рекреативни екскурзии на Пелистер, а целна група се основците и средношколците, но не постои горна граница за лицата кои можат да се вклучат во оваа активност на спознавање на природните убавини на првиот национален парк во земјава и неговите реткости. Иако Пелистер е на неколку километри од Битола, не е мал бројот на деца и млади кои ретко го посетуваат.

-Ја поздравувам иницијативата и борбата на Горан за да ги запознае децата со убавините на Пелистер, како да ја сакаат, почитуваат и чуваат природата и нејзините жители. Она што не се познава, не може да се сака и да се негува! Со многу измешани мисли и емоции го напуштив националниот парк. Зошто? Затоа што она што го видов во очите на децата, насмевките, среќата, зацрвенетите обравчиња, дружењето, нивната желба за истражување, прашањата кои му ги поставуваа на водичот...ме исполни со огромна радост од една страна и лутина од друга, што како општество многу малку или воопшто не обрнуваме внимание на вистинските вредности кои ги имаме и со што треба да ги "храниме" нашите деца, духовно, ментално, емотивно, физички и интелектуално. Се што читам, се политички статуси на препукување и омраза...После пандемијата, компјутерите и стресовите, требаше децата организирано, секој ден да ни се на Пелистер и да го засилуваат својот имунитет со чист кислород и развивање на белите дробови. Погледенете ги сликите, слушнете ја нивната песна( со колкава љубов ја снимивме и ја пееме првата детска химна на Битола, напиша на ФБ Марина Коруновска, диригент и уметнички раководител на десткиот хор Ѕвончиња.

Детскиот хор „Македонски Ѕвончиња“ на покана на организаторот ќе учествува на World peace choral festival-2021, кој традиционално се одржува во Виена, Австрија, а оваа година поради пандемијата, 11-то издание ќе се одржи онлајн. Фестивалот започна вечерва и ќе трае до 12 јуни, а учествуваат 300 хора од 55 држави. „Македонските Ѕвончиња“ ќе се претстават со песната „Билјана платно белеше“, а нивниот настап ќе биде објавен во перидот од 7 до 11 јуни.

-Организаторот ми се обрати и не покани да учествуваме со „Македонските Ѕвончиња“ на овој фестивал. Ние сме единствен детски хор од Македонија кој ќе учествува на фестивалот, а ќе се претставиме со песната „Билајна платно белеше“, која ја подготвуваме на онлајн часови 3 месеци, а учествуваа наши македонски деца од целиот свет. На битолските Ѕвончиња се приклучија деца од Македонија од Охрид, Скопје, Ресен, но и од Канада, Германија Швајцарија. Потоа ги монтиравме овие снимки направени со телефони. Многу сум среќна што организаторот на фестивлото во Винеа, World peace choral festival-2021, го препознаа нашиот труд и не поканија да бидеме дел од овој настани, вели Марина Коруновска, дирегинет и уметнички раководител на хорот

Нашите  „Македонски Ѕвончиња„ на покана од организаторот учествуваа и на фестивал во Кипар, а сега се очекуваат резултатите од пласманот во натпреварувачкиот дел.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани