2win800x200

Денеска почна учебната година за 945 првооделенци во Битола, а од Општината велат дека училиштата ги отвориja вратите за првачињата. Дел од учениците  биле примени на првиот училишен ден, а за други наставата почнува утре поради штрајкот на СОНК за повисоки плати на просветните работници, кој е предупредувачки и ќе тре само еден ден.

Од денеска  започнува наплатата на  паркинг услугите на четирите затворени паркинзи во Битола: кај Јавор, Стара автобуска, Центар за култура и Спортска сала, информираат од јавното претпријатие за паркинзи.

Кракот од магистралниот гасовод Неготино-Кавадарци-Прилеп и Битола веќе е во Пелагонискиот регион. Досега се заврешни 70 проценти од оваа делница во вкупна должина од 92 километри, и надминати се голем дел од проблемите при експропријацијата и градбата. Се очекува изградбата на кракот чија крајна точка е Битола да заврши напролет, посочија при денешниот увид во работите на кракот, премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски и директорот на МЕР, Бајрам Реџепи.

На локации во Битола и нејзината околина и во главниот град деновиве се одвива снимањето на првиот македонски филм снимен на турски јазик со работен наслов „Најтешкото нешто“ во режија на турскиот режисер Сердар Акар, а во продукција на Сектор Филм од Скопје.

Со полагање цвеќе пред споменикот на Илинден во храмот на црквата Св. Недела во Битола, започна чествувањето на големиот македонски празник Илинден. Претставници од Советот на Општина Битола положија цвеќе во име на градоначалникот Наташа Петровска, која денес присуствуваше на свечената церемонија во Крушево. Цвеќе положија и претставници од Советот на Општина Битола и политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Кај споменикот на двата илиндена пред Центарот за култура, во чест на големиот и светол празник Илинден, делегација од Советот, предводена од советничката Виолета Дракалска, положи свежо цвеќе. Во чест на празникот и жртвите кои ги положија животите за денешната слободна Македонија, со свежо цвеќе почест им оддадоа и делегациите од Советот на Општина Битола, Општинската организација на Сојузот на борци Битола, како и политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани