2win800x200

Земјотрес со магнитуда од 3,3 степени е почувствуван во Битола и околината во  15 часот и 27 минути.

Јачината на земјотресот е 4 степени според Европската макросеизмичка сала

Епицентарот е на 27 километри јужно од Новаци, односно 6 км источно од Лерин, Грција
 
 

Во пресрет на патрониот празник на  битолското медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ ученичките од трета година, Сара Вршкоскс, Алмина Сулејмановска и Габреила Стоковска, имаа презентација пред своите наставници и соученици по повод октомври-месецот посветен на борбата против рак на дојка, каде имаа можност да го истакнат своето познавање во нивната струка-медицински сестри.

Брза, ефиксна и плодна посета на министерот Венко Филипче на Клиничка болница Битола. Разгледаното е договорено и остварено, соопштија од Болницата.

-Според планот обезбедени се и потпишани од страна на министерот вработувања нови за до крајот на 2019 година, вклучувајќи ги овде и вработувањата трансформација од определено време како и направен план за нови вработувања за наредната 2020 година“, изјавија од Болницата.

Понатаму, Министерството се вклучува со помош околу реновирањето на останатиот дел од визбите каде функционираат амбулантите и веќе е започната тендерската постапка.

Најавена е реконструкција и санација на сите санитарни чворови, набавка на нови кревети за пацинетите, плочки секаде каде е потребно, санитарија и друга опрема.

Помош на менаџерскиот тим од страна на министерот му беше понудена и за интерната амбуланта која веќе се реконструира од страна на Болницата и каде е најголема фреквенцијата на пациенти .

Се отпочнува и со реконструкција на зградата каде ќе се отвори нов геријатриски оддел многу потребен на битолчани. Во најбрз можен рок министерот си зеде обврска да се поправи и ангиографот .

„Од страна на менаџерскиот тим и од името на вработените голема благодарност за посетата на министерот,за брзата ефикасност за она што го побаравме и искажавме како проблем со кој се соочуваме,чекаме нова средба повторно во клиниката како би можеле да се реализираат уште проекти кои денес му ги предочивме а тој вети брза реалузација“, рече портпаролката на Болницата Сузана Конеска.

Министерот се сретна и со младите лекари го посети и физикалното одд и ја виде работата на базенот.болница 2

болница 3

болница 4

болница 5

БОЛНИЦА 54

Македонската Влада се „сели“ во Општина Битола. Премиерот Зоран Заев утре во зградата на Општината во Битола ќе претседава со редовната 159-та седница.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани