2win800x200

Уште тројца битолчани се позитивни на КОВИД 19 , што значи до денеска се вкупно 4 потврдени  случаи, потврдија од Владата на Р.С. Македонија.

Починато машко лице било пронајдено денес во стан на улица „Димче Лахчански“ во Битола. Веста дигна голема прашина на социјаните мрежи и меѓу жителите на Битола. Засега има само неофицијална информација дека починатото лице било во самоизолација.

Од полција само ја потврдуваат смртта и тоа дека направиле увид и работат на расчистување на случајот.

Зонското паркирање е десеткувано, празни се паркинг местата на улиците, а  празни се и затворените паркинзи низ градот. Од јавното претпријатије велат дека од 90 илјади паркирани возила дневно, бројот е намален на 10 до 15 илјади.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани