2win800x200

По врнежите на повисоките места, снегот вечерва пристигна и во Битола и веќе се формира  снежна покривка

Новогодишната ноќ во Битола мина релативно  мирно и без поголеми нарушување на јавниот ред и мир.

И од Клиничката болница во Битола информираат дека во текот на ноќта, како ретко досега, фреквенцијата на пациенти била исклучително мала, а во Службата за ургентна медицина, помош побарале неколкумина граѓани.

Четириесет минути по полноќ, во битолската Клиничка болница се роди првото бебе во Новата година. Мајката Александра Максимиовска од Битола, на свет донесе здраво машко бебе, тешко 3250 гр и долго 49 цм..

 Голем број битолчани ја дочекаа Новата 2019 година на плоштадот Магнолија во Битола. Точно на полноќ, со голем огномет беше означен влезот во Новата година,  по што беше прочитана новогодишната честитка од градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, која беше меѓу своите сограѓани на Магнолија. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани