2win800x200

Во три детски градинки, „Колибри“ во населбата Стрелиште, „Вангел Мајорот“ во Карпош и „Росица“ во населбата Буковски Ливади, се зголемува капацитет, а со опремување на три нови занимални, наскоро во овие градинки ќе можат да се сместат 75 новозапишани деца.

Советот на општина Битола денеска го пренесе правото на одржување и сервисирање на уличното осветлување во централното градско подрачје во Битола на ЈП „Комуналец“, дејност  која во изминатите години беше во рацете на приватни фирми. Со ова треба да се подобри одржувањето на уличното осветлување, а за тоа ќе бидат издвоени средства и дополнително ангажирани вработени во ова јавно претпријатие.

Цртежите со вазни на осумгодишната битолчанка Матеја Стевановска ѝ донесоа средбрен медал на меѓународниот ликовен конкурс во Евора, Португалија. Таа е најмладиот награден член на Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“ од Битола и е една од петнаесеттината млади ликовни таленти кои добија награди за своите цртежи на меѓународни колонии и конкурси.

Поради појава на магла намалена е видливоста од 50 до 100 метри во Битола, Прилеп, Плетвар и на патните правци крак Маврово, крак Стража, информираат од АМСМ.

Висината на снежната покривка во Битола, според податоците од УХМР,  утрово во 7 часот изнесуваше 33 цм, со што е втор град со најмногу снег по Крушево каде снежната покривка е  36 цм. Најмалку снег има во Скопје, каде снежната покривка утрово во 7 часот изнесувала 4 сантиметри.  Врнежите од снег продолжуваат и претпладнево, а според прогнозите, околу пладне ќе бидат уште позасилени, што  дополнитлно ќе ја зголеми снежната покривка за 10 до 20 цм. Температурата во Битола ќе се се спушти до -5 степени.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани