АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Под мотото „Биди Хуман“, Васко Ковачевски, инаку актуелен директор на РЕК-Битола, ја започнува кампањата за реконструкција на Одделението за хирургија во Клиничката болница во Битола. Тој со своите најблиски, со свои средства ќе ја помогне санацијата на ова одделение, а очекува во хуманитарната акција да се вклучат и негови роднини, пријатели и други поединци кои сакаат да помогнат.
РЕК Битола започна со ремонтните активности предвидени за годинава. До средината на ноември ќе бидат направени редовни ремонти на Блок 1 и Блок 3 и капитален ремонт на Блок 2. Блок 1 ќе биде во ремонт до 3 јуни, по што следува ремонт на Блок 3 од 4 јуни до 7 јули. Осум години по модернизацијата, годинава капитален ремонт ќе биде изведен на Блок 2. Ремонтните активности на овој блок ќе траат од 15 август до 15 ноември.
-Ајде, со среќа да ни е денешната спогодба и соработка, рече генералниот директор на РЕК-Битола, Васко Ковачевски на денешното потпишување на меморандуми за соработка со градоначалниците на општините Битола, Новаци и Могила, Наташа Петровска, Љубе Кузмановски и Јасмина Гулевска.
Според првиот човек на РЕК-Битола , комбинатот сака да им помогне на соседните општини во делот на економијата, социјалата и пред се во екологијата.
Управниот одбор на ЕЛЕМ го назначи поранешниот пратеник на СДСМ, Васко Ковачевски, за директор на РЕК-Битола.
„Менаџментот на АД ЕЛЕМ смета дека Ковачевски, заедно со новиот раководен тим кој е поставен, ќе одговори на предизвиците со кои се соочува најголемиот комбинат за производство на електрична енергија во државата и дека неговото познавање на состојбите во РЕК Битола ќе помогне во консолидирањето на овој значаен производствен капацитет, во насока на постигнување поголема стабилност и сигурност на електро-енергетскиот систем на Р Македонија во периодот што следува“, соопштија од ЕЛЕМ.
Васко Ковачевски од СДСМ, бара Борче Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ јавно да му се извини за изнесените клевети на ФБ, во спротивно ќе го тужи. Барањето за извинување се однесува на фејсбук статусот на Димитровски, објавен на 28 декември минатата година, во кој тој напиша дали првата одлука на Ковачевски како нов директор на РЕК Битола била да се отпуштат од работа 133 ангажирани лица во комбинатот, иако Ковачевски не е диркетор на РЕК.