АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Досегашниот директор на РЕК Битола Васко Ковачевски ќе биде идниот генерален директор на Електрани на Северна Македонија.
Владата на денешната седница, по предлогот за разрешување на околу 40 директори во јавните претпријатија, донесе одлуки и за препораки до Управни и Надзорни одбори за избори на нови членови.
Од Владата на НО на АД Електрани на Северна Македонија му е препорачано Васко Ковачевски да биде избран за член на УО, кој ја извршува функцијата генерален директор. Владата на денешната седница го разреши досегашниот претседател на УО и директор на ЕСМ, Драган Миновски.
Ковачевски е директор на РЕК од декември 2017 година, а претходно во два мандата беше пратеник во Собранието од редовите на СДСМ.
На лисите што ги објави Владата за разрешување и именување на директори на државни установи, нема други битолчани