2win800x200

Марко Крстевски ученик во петто одделение, Теодора Блажевска четврто одд. и Елена Ѓеорѓиева трето одд. од класата на професорот по виолина Зоран Маневски од  Државното музичко училиште во Битола,  добија први награди на Државниот натпревар на млади музичари 2018 година, што се одржа во Скопје. Исто така, Санела Шукриевска шетто одделение доби втора награда и Андреа Нешковска четврто одд. трета награда.

Според  професорот Маневски, неговите ученици со голема волја, желба  и посветеност работеа во текот на целата година за сега да постигнат забележителни резултати.

-Наградите  се должат на нивната трудољубивост, посветеност и заедничка соработка  на часовите по виолина, рече професорот Маневски за апла.мк.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани