АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Се комплетира уредувањето на асфалтираните улиците во новата населба „Златен рид“ со тоа што деновиве се прават нови пешачки патеки и се поставува улично осветлување. Со овие градежни активности, локалната самоуправа го решава долгогодишниот проблем на станарите и инвеститорите од овој дел на градот, кои и покрај платените средства за комунални услуги, со години немаа можност да добијат соодветно инфраструктурно поврзување.
При изведување градежни работи за дислокација на енергетски кабли кои се наоѓаат во заштитниот појас на трасата на железничката пруга, во непосредна близина на царинскиот терминал, прекинат е доводниот кабел за уличното осветлување на делницата од магистралниот пат Битола – Кравари. Поради тоа, во овој дел на општина Битола, два дена има прекин во уличното осветлување.
Од екипите на ЕВН, добиена е информација, дека дефектот ќе биде отстранет во текот на денешниот ден.
Советот на општина Битола денеска го пренесе правото на одржување и сервисирање на уличното осветлување во централното градско подрачје во Битола на ЈП „Комуналец“, дејност која во изминатите години беше во рацете на приватни фирми. Со ова треба да се подобри одржувањето на уличното осветлување, а за тоа ќе бидат издвоени средства и дополнително ангажирани вработени во ова јавно претпријатие.