2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Корлевски: Само стотина дена од враќањето на ВМРО ДПМНЕ на локална власт во Битола беа доволни за да се вратиме во најцрните години за битолското образование

Март 04, 2022

 

Поговорката вели “Волкот влакното го менува, ама карактерот не”. Така и ДПМНЕ. 

Само стотина дена од враќањето на локална власт во Битола беа доволни за да се вратиме во најцрните години за битолското образованието во кое со закани и притисоци кон неистомисленици, непотизам, недомаќинско работење, злоупотреби на работни позиции се секојдневие на кадрите на ДПМНЕ.
 
 
- ДПМНЕ под закрила на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски врши терор врз членовите на училишните и управните одбори и против директорите на основните и средните училишта како и директорите на градинките во Битола кои сеуште имаат законски мандати, служејќи се со најподли методи, карактеристични за ДПМНЕ. 
 
- Раководството на ДПМНЕ под закрила на градоначалникот Тони Коњановски ги крши сите процедури и закони во кои се предвидени во начините за промена и назначување на директори во образовните институции. 
 
И битолската и пошироката македонска јавност се сеќава и добро памети на што се е подготвена ДПМНЕ кога сака нешто да постигне. 
 
 
Затоа ви порачуваме дека нашите тврдења за сите дејанија што ги преземате за овие нецели четири месеци локална власт во Битола ќе се потврдат и преку судски процеси пред надлежните институции. Институциите, а не ДПМНЕ ќе оценат дали обвинувањата за кои ја известуваме јавноста се основани, рече  Борче Корлевски, советник во Општина Битола од редовите на СДСМ и коалицијата. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани