АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Каков е тоа бум кога за да поправи еден мост од 10 метри на општината и требаа 7 месеци?
Битолчани се сведоци на раскопани улички, градот никогаш не бил повалкан, граѓаните дерман немаат од кучиња скитници.
Коњановски и ДПМНЕ за само седум месеци потрошија над 8 милиони евра од општинската каса, а не започнаа ниту еден од проектите што ги ветуваа. Нема нова сала, нема ново училиште, нема нови кружни текови. Ја нема ниту инвестицијата во Жабени со која Мицкоски и Коњановски ги лажеа битолчани, ама затоа в општина има 20 нови партиски вработувања. И има сеча на дрвја во центарот на градот без да се прашаат граѓаните. Закани и самоволие. Тоа го донесе ДПМНЕ во Битола.
Во право сте, господине Мицкоски кога велите дека не сме сите исти. Вие и Коњановски сте најлошото што можеше да ни се случи. Вие, господине Мицкоски, ги распорадавате националните интереси, а дома глумите голем патриот. Градоначалникот Коњановски, пак, толку е загубен во времето и просторот, па отчет дава пред партискиот шеф, наместо пред граѓаните. Седумте месеци локална власт на ДПМНЕ во Битола се најдобар доказ како не треба, изјави Христијан Стојановски, СДММ Битола.