2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Од Боречката Организација им се заблагодарија на планинарите за јарболот со македонското знаме поставен под Неолица

Јуни 08, 2022

Денес во просториите на ОО на Сојузот на борци од Битола, членови на претседателството ги примија претставниците на ПЕГ Турниме да кинисам, кои  самоиницијативно, со свои средства и личен труд, го поставија македонското знаме на јарбол, на местото на загинувањето на борците од првиот партизански одред Пелистер и им изразија голема благодарност и признание за нивната почит .

Како што објави апла.мк, јарбол со македонското државно знаме  ПЕГ Турниме да кинисам го шостави на 24 мај  на  местото каде пред точно  80 години во битка против тогашните бугарски фашистички окупатори, загинаа борците на првиот битолски партизански одред  "Пелистер": Елпида Караманди, Димитрија Николовски - Таки Даскало, Мара Јосифовска - Ѓурѓа, Димче Хаџи Поповски, Орде Михајловски - Оцка и Јоска Ордановски - Сандански.

 

 52a4830b4037e3ed1c5937f4764c7442 XL
 
Местото на загинувањето е под домот Неолица, на околу 1400 метри надморска висина. Целокупниот материјал( песок, цименто, железо ) беше носен на раце од село Лавци, од ПЕГ Турни ме да кинисам и од сите планинари добронамерници.
Просторот околу спомен плочата која е поставена во 1977 година беше целосно исчистен
 
Линк до објавата: 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани