2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Битола вчера беше преплавена со автобуси и возила од соседните градови, обвини Иванчо Тошевски од ВМРО-ДПМНЕ

Септември 10, 2018

На кои битолчани им се обраќавте синоќа кога Битола беше преплавена со автобуси и возила од сите соседни градови? Вакво прашање до премиерот Заев за синоќешниот митинг, на прес конференција денес упати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, Иванчо Тошевски.   

 

„Синоќа во Битола се обидовте на многу потценувачки начин за нас битолчани да ни кажете дека после утринското кафе во Недела на 30-ти септември треба да сме подготвени да гласаме ‘ЗА’ вашето политичкото насилие, неспособност, неработење и за прифаќање на штетниот договор. Зборувавте за проекти финансирани со европски пари, но дали знаете дека сите европски проекти во моментов во Битола се стопирани, Општина Битола е парализирана и тоа само поради неспособноста и неработењето на Наташа Петровска, а не поради спорот со нашиот јужен сосед. Зошто синоќа не кажавте до каде стигнавте со реформите во економијата, правосудниот систем, образованието, здравството, земјоделието, до каде е поддршката за Битола која ја најавивте при вашата претходна посета“, обвини Тошевски на денешната прес конференција одржана по синоќешниот митинг „За европска Македонија“ на кој присуствиваше и премиерот Заев во Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани