АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со над 25 милиони денари во пограничното село Гермијан се уредува поројот, каналот каде се собира надојдената вода при обилни врнежи или топење на снегот. Поројот се средува со средства добиени од грант преку ИПА програмата на ЕУ и од буџетот на Општина Новаци.
Проектот предвидува уредување на поројот во две фази во должина од километар и половина. Моментално интензивно се работи на првата фаза во должина од околу 806 метри. Средствата за реализација на оваа фаза се обезбедени од ИПА во износ од 15,9 милиони денари и над 9,7 милиони денари од буџетот на Општина Новаци за 2018 година.
Изведувач на градежниот зафат е „Стентон Градба“ ДОО Битола.
Како директни корисници на проектот се јавуваат стотина земјоделски семејства од село Гермијан со околу 300 жители. Градоначалникот Љубе Кузманоски на средба со локалното население ги потенцираше придобивките од уредувањето на поројот, како и идните проекти кои се планирани со цел подобрување на условите за живот .
"Со реализацијата на овој проект во иднина ќе нема поплавување на куќите и дворовите на локалното население кои се наоѓаат во близина на поројот, а ќе има зголемување на приносите од земјоделието, намалување на загадувањето на сливното подрачје на река Црна. Истовремено ќе се подобрат условите за живот на жителите и ќе се овозможи унапредување на животната средина во селото", рече Кузманоски.