2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Се зголемуваат платите во градинките, објави СДСМ

Јули 03, 2019

За 16 проценти се зголемуваат платите на сите вработените во градинките, објави денеска на прес конференција СДСМ, а оваа одлука ќе се најде утре на дневен ред на седнцата на Советот на Општина Битола. Со ова, велат од СДСМ, после долги години ќе се покачат платата на вработените во  градинките.

 

- 210 вработени лица во градинките во Општина Битола, односно 210 семејства ќе имаат зголемување на домашниот буџет. Оваа одлука е врз основа на усвоената мерка на Владата предводена од СДСМ за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и јавните установи за деца, рече Жаклина Наумовска, советник од СДСМ.

Иако зголемувањето на платите ќе биде за сите вработен во градинките, сепак од СДСМ посочија примери колкави ќе бидат платите на негувателки и воспитувачки, затоа што ти се најмногубројни од сите останатите кадри во градинките.

-Негувателка која до сега земала 16.223 денари, со покачувањето на бодот до 31 август, ќе има плата од 18.792 денари, а од 1 септември, платата ќе биде 19.692 денари. Воспитувачка која досега имала личен доход од 21.509 денари, со покачувањето до 31 август ќе зема 24.877 денари, а од 1 септември 26.081 денар, или разликата ќе изнесува 4.500 денари, рече Наумовски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани