Webp.net gifmaker

3Д киното од Битола е наш културен арбитер во Европа

Ноември 27, 2019

Добитникот на престижната европска награда LUX prize awards за оваа година е македонскиот филм “Господ постои, името и е Петрунија” на режисерката Теона Стругар Митевска. Од 6 до 8 ноември годинава Европа живееше во знакот на LUX films days, а Киното во Центар за култура Битола беше единственото кино во нашата држава кое се вклучи во симултаните филмски проекции кои се случуваа во 25 избрани кина од 20 европски земји.

Овој проект е познат ширум Европа по пан-европски симултани проекции на филмовите кои се во трка за наградата LUX FILM PRIZE за најдобар европски филм, во различни градови и држави, во идентичен тајминг. Киното при НУ Центар за култура Битола беше селектирано, заедно со 25 други кина од над илјада европски кина.

„На 6 ноември во 20 часот имавме бесплатна кино проекција на која беше прикажан нашиот македонски филм-тогаш кандидат за наградата, а по проекцијата во живо од Лондон на големото платно во Центарот за култура ја следевме сесијата со прашања и одговори организирана во рамките на овој значаен настан посветен на оваа престижна филмска манифестација во Европа. На проекцијата имавме полна сала до последното место, како поддршка за нашиот филм“, велат од Центарот за култура.

Ова е уште еден доказ дека 3Д киното во Битола е културен арбитер во нашата држава.

Инаку, наградата LUX од 2007 година ја доделува Европскиот парламент за достигнувања во кинематографијата. Наградата го насочува вниманието кон јавната дебата во Европската Унија и нејзините политики, и дава потпора за ширење на европските копродукции. Деновите на LUX филмовите се организираат во текот на есента во повеќе од 40 градови во Европската Унија и се видлив израз на ангажманите на Европскиот парламент во подрачјето на филмот и културата. Филмовите кои се во финалниот избор се прикажуваат во 28 држави на ЕУ.
Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани