2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Борче против Борче

Ноември 26, 2018

Од лажго до манекен, од воспитани и невоспитани со лични проблеми советниците Борче Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ и Борче Корлевски од СДСМ го допреа дното на политичка коректност откако на последната седница на Совет на која се разговараше за развојните програми на Општина Битола за наредните три години  дискусијата ја сведоа на улична кавга со груби навреди и лични квалификации. Дискусијата се вжешти околу Офицерскиот дом во Битола, неговата реконструкција и намерите за продажба за време на ВМРО-ДПМНЕ .

Бившиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Битола,а  актуелен советник Борче Димитровски, денеска не застана зад новоизбраниот лидер на партијата Иванчо Тошевски, кој во својство на советник даваше изјава пред Советот на Општина Битола.

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола има шанса да бира нов лидер или да му ја даде поддршка за реизбор на актуелниот претседател на партијата, Борче Димитровски.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ од вчера објави вонреден генерален повик за избор на претседатели на 76 општински комитети во државата, кој ќе трае до 11 март. Ова според добро упатени извори во партијата во Битола е шанса за воспоставување на свои луѓе од доверба на новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицковски, но и потег за реформи во партијата, односно да дојдат до израз членови кои постигнале  резултати на општинско ниво, но заради  одредени пријателски и роднински врски со поранешната гарнитура на Никола Груевски не дошле до израз.

Васко Ковачевски од СДСМ, бара Борче Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ јавно  да му се извини за изнесените клевети на ФБ, во спротивно ќе го тужи. Барањето за извинување  се однесува  на фејсбук статусот на Димитровски,  објавен на 28 декември минатата година,  во кој тој напиша дали првата одлука на Ковачевски како нов директор на РЕК Битола била да се отпуштат од работа 133 ангажирани лица во комбинатот, иако Ковачевски не е диркетор на РЕК. 

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Борче Димитровски, денеска објави ФБ статус со кој го обвини Васко Ковачевски од СДСМ, дека како директор на РЕК Битола, отпуштил 133 луѓе ангажирани во комбинатот повеќе од две години. Ковачевски на својот ФБ профил му одговори дека не е директор на РЕК и не може да отпушта од работа. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани