АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Бившиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Битола,а актуелен советник Борче Димитровски, денеска не застана зад новоизбраниот лидер на партијата Иванчо Тошевски, кој во својство на советник даваше изјава пред Советот на Општина Битола.
Тошевски, таман застана пред камерите да зборува за новото задолжување на јавните претпријатија, некој од советниците го праша дали сам ќе зборува, на што тој јасно им укажа на сите да застанат зад него. На ова се оглуши Димитровски и гледајќи го својот мобилен телефон го заобиколи новиот лидер. Сепак Тошевски повторно пред да почне да зборува , му довикна- Борче! , и со поглед уште еднаш го повика.
Димитровски иако кажа дека е тука присутен сепак за време на зборувањето на Тошевски не застана зад него. По ова остана впечатокот дека бившиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ го игнорира актуелниот лидер и тоа пред очите на новинарите.
Во претходниот период кога Димитровски беше лидер на партијата и координатор на советничката група Тошевски секогаш го поддржуваше кога овој даваше изјави. За разлика од Димитровски, пак Анита Ангелевска се избори да застане напред пред камерите додека нејзиниот нов претседател Тошевски ја критикуваше власта.