2win800x200

Ковачевски бара Димитровски да му се извини за изнесените клевети на ФБ, во спротивно ќе го тужи

Јануари 03, 2018

Васко Ковачевски од СДСМ, бара Борче Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ јавно  да му се извини за изнесените клевети на ФБ, во спротивно ќе го тужи. Барањето за извинување  се однесува  на фејсбук статусот на Димитровски,  објавен на 28 декември минатата година,  во кој тој напиша дали првата одлука на Ковачевски како нов директор на РЕК Битола била да се отпуштат од работа 133 ангажирани лица во комбинатот, иако Ковачевски не е диркетор на РЕК. 

„„Денес дојде "животот" и за 133 ангажирани во РЕК Битола, фамилијарни луѓе, татковци и мајки, се отпуштени после две и пол годишен ангажман!!! Се прашувам далу ова е воедно и првата одлука на новиот директор Васко Ковачевски!“ напиша Димитровски на ФБ.

Ковачевски преку својот адвокат бара Димитровски во рок од 48 часа да се извини јавно и да го повлече тврдењето на истото место каде што е изнесено.

„Со вака изнесеното тврдење со намера да наштетите на честа и угледот на Васко Ковачевски изнесовте невистини што се штетни за неговата чест и углед, иако знаевте дека инсесувате невистинити факти, поради што согласно член 8 од Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда сносите одговорност за клевета. Имено, лицето Васко Ковачевски не е нов директор на РЕК Битола, ниту донел некаква одлука во раководењето со РЕК Битола, а најмалку донел одлука со која од РЕК се отпуштаат 133 вработени“ се наведува во барањето за извинување.

izvinuvanje1

izvinuvanje 2

Како доказ кон барањето е приложена фотографија од објавата на Борче Димитровски на ФБ, како и тековна состојба од   29 декември 2017 година  на  АД ЕЛЕМ,  каде ВД директор на РЕК Битола е Благојче Трповски од Скопје.

Димитровски повторно се огласи на ФБ каде  наведува дека го добил барањето, но, нема намера да се извини

„Денес добив честитка за Среќна Нова 1949 од Васко Ковачевски. Нема да се извинам за статусот на ФБ, а напротив ќе работам напорно Македонија и Битола идната година да ја дочекаат 2019 та наместо 1950 година! напиша Димитровски.

borce

Ковачевски, пак,  вели дека доколку Димитровски не се извини ќе поднесе тужба за изнесените клевети. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани