АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Уште едно прво место за 17- годишната Егенија Дивитарова, средношколка иноватор од Техничкото училиште во Битола, која досега изработи две машини за гравирање со ласер, за кои доби награди на релевантни натпревари за млади иноватори во земјава. Овој пат, освои право место за најдобро креирано портфолио. Таа за Апла.мк изјави дека натпреварот го организираа од Младинската асоцијација на средни стручни училишта во земјава- МАССУМ. На него учествуваа повеќе ученици од средни училишта, кои имаа задача да изработат портфолио за себе, слично како CV и при тоа да ги внесат своите досегашни успеси што ги постигнале на одредени натпревари, а да запазат и одредени позиции кои се задолжителни. Од сите учесници од земјава, Дивитарова беше најуспешна, а ментори ѝ беа Цветанка Митревска и Гордана Танеска.
Евгенија Дивитарова, средношколка иноватор, е на чекор да изработи трета машина за гравирање со ласер. Оваа 17-годишна девојка е ученичка во Средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ во Битола и самата ги смислува софтверите, ги дизајнира и конструира деловите од машината на која се врши гравирање на текст, фотографии, па дури и уметнички дела. Досега изработила две машини, а за втората ја доби наградата за „Млад иноватор“ на натпреварот „Макинова“ во октомври лани во Скопје.