АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со отворањето на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ вечерва (1.8.2023 г.) на Гумење во Крушево, под слоганот „120 години Илинден – Огниште на татковината“ и официјално почна чествувањето на големиот празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката.
На отворањето на манифестацијата на која се обрати претседателот на Владата Димитар Ковачевски присуствуваше и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Ковачевски на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ рече „пред нас е аманетот на Илинденците и Асномците, дека секоја битка за македонскиот напредок– вреди!“
„И Илинденските и Асномците се бореле со се што имале, а најмногу со своите животи за меѓународно внимание, помош, поддршка, за вистинско признание од другите народи, нации и држави! И во тоа успеале! Но, нивните идеали и принципи се идентични и денес! И токму по Илинден 903-та, Асном 44-та, но и Скопје 1991-ва, клучното прашање е: каква држава сакаме и правиме денес? Каква држава сакаме да оставиме утре? Сакам јасно и силно да истакнам дека и ние имаме обврска, имаме незавршена работа, континуирано да ја градиме државата како слободна држава на слободни граѓани! Држава со своја историја, сегашност и иднина! Тоа е нашата обврска, тоа е нашиот наследен завет и аманет, тоа мора да биде нашето наследство за идните генерации! Ние знаеме дека од Илинден - до денес, ништо не било лесно. Затоа што и нема лесен пат до вредна цел. Илинденците и Асномците не се прашувале дали вреди да се продолжи. Не калкулирале со следниот потребен чекор. Не бегале од одлуки и не се криеле. Знаеле и дека во обединувањето е силата – и така и постапувале. Одлуките на илинденците и асномците обврзуваат дека битките се водат, не се напуштаат! Така е добиена битката за слобода. За своја македонска држава. За свој македонски јазик. За признавање на македонскиот идентитет“, рече Ковачевски во Крушево.
Министерката Костадиновска-Стојчевска по повод одбележувањето на 120 години од Илинденското востание и Крушевската Република порача - „Крушево одново сведочи на нашиот копнеж, на нашата битка до последен за слобода, на нашиот глас до светот дека ние Македонците сме жедни за своја Татковина и дека и ние Македоците имаме право на неа. Под бајракот на скапо платената слобода, продолжуваме да ги чуваме и реализираме вредностите на двата Илиндена, 1903 и 1944 година. Нашите илинденци, нашите партизани се најсветиот дел од нашата историја, од нашиот идентитет“, рече Костадиновска -Стојчевска од Крушево .
Манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ која ги претставува културата, традицијата и историјата на Крушево за присутните реализираше богата програма и целовечерен концерт на повеќе изведувачи.
Градоначалникот на Крушево, Томе Христовски, даде предлог роденденот на македонската музичка легенда Тоше Проески, 25 јануари, да се прогласи за Ден на хуманоста, исто како што тој одржуваше безброј хуманитарни концерти додека беше жив.
Како последица на КОВИД-19, денеска почина Агапи Чункоска(54), член на Советот на Општина Крушево од ВМРО-ДПМНЕ. Од неа се простија нејзините колеги од Советот.
Српската поп ѕвезда, Јелена Томашевиќ, пред вечерашниот концерт на фестивалот „Музика од светот“ во Битола, прошета по Широк Сокак и се пофали со фотографија на инстаграм под која напиша : „Ако одам во Битола ќе прошетам по Широк Сокак“, стих од една од најпопуларните песни за Битола чиј автор е Петар Георгиев Калица.
Фотографија од стариот иконостас во соборниот храм „Св. Никола“ во Крушево кој изгорел во 1903 година за време на Илинденското востание, беше објавена денес на фејсбук профилот Крушево.
-Ова е најголемото достигнување на протомајсторот Петре Филиповски Гарката и неговиот зет Димитар Станишев. Но, за жал Гарката на крајот на изработката ослепел, запиша под фотографијата познатиот битолски копаничар Злате Крстевски.