2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Во Битола одбележан Денот на пожарникарите

Мај 21, 2018

Најстарата противпожарна единица на Балканот, битолската, одбележа 182 години од своето постоење. На свеченоста присуствуваа делегација  од  Конзулатот на Република  Бугарија во Битола, претставници на МВР, на Црвениот крст,  советници  од  општинскиот Совет, а заменик градоначалничката Емилија Костурски, честитајќи го Денот на пожарникарите, најави зајакнување на капацитетот на ТППЕ.

-Денес, после цели 182 години го славиме Денот на нашите пожарникари, Денот на ТППЕ во Битола и во овој момент можам да кажам дека благодарение на иницијатива на градоначалниците од Пелагонискиот регион, обезбедени се 4 милиони денари кои што ќе се искористат за техничко опремување на овие единици, тоа се пари преку Бирото за регионален развој, преку Центарот за развој на Пелагонискиот регион, изјави Емилија Костурски, заменик градоначалник на Општина Битола.

Опремувањето на Територијалната противпожарна единица е од големо значење за зголемување на заштитата на пожарникарите, а со тоа и за нивно безбедно и брзо делување, пред се при пожари на отворен простор.

-Овој грант од Пелагонискиот плански регион ќе се посвети исклучиво на заштитата, на заштитната опрема на пожарникарите, заштитната опрема за шумски пожари, односно пожари на отворен простор, поради тоа што 50% од пожарите се пожари на отворен простор, затоа што другата заштитна опрема на единицата е солидна, согласно европските стандарди, ни недостасуваше овој сегмент на заштита и верувам дека тоа брзо ќе се реализира, изјави Костадин Поповски, командир на ТППЕ Битола.

Со цел бригадата кадровски да се екипира, општина Битола веќе поднела барање за вработување на 5 професионални пожарникари, а од  неодамна во противпожарната единица во Битола, вработени се 8 лица од општините Новаци и Могила.

Противпожарната заштита на Балканот започнала од Битола, кога на 20 мај во далечната 1836 година, во време на Румелискиот пашалак, се формирала првата организрана противпожарна единица на Балканот, после голем пожар што го зафатил градот. Токму по тој повод,  овој датум се одбележува како  Ден на пожарникарите во Македонија. Битолската противпожарна бригада без прекин, во континуитет работи до денес, а интересно е и тоа што и по повеќе од половина век ја зачувала истатат местоположба покрај реката Драгор.

Отогаш до денес, единствена цел е заштита на граѓаните од пожари и други опасности. Во моментот ТППЕ од Битола има вкупно 29 пожарникари, опфаќа територија од 1470 километри квадратни, заедно со општините Могила и Новаци, а за интервенции се користат 8 возила.

Den na pozarnikarstvoto 07

 

Den na pozarnikarstvoto 11

 

Den na pozarnikarstvoto 12

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани